Св. пр. Илија – Илинден

На 02.08.2017 година, Св. пр. Илија – Илинден, преп. 3 Пречестански нмч-ци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургуја во храмот „Св. Илија“ – с. Стенче Тетовско. Пред литургијата Митрополитот изврши осветување и промена на нова страчица на престолот во храмот кој оваа година бележи 150 години од изградбата. По литургијата се изврши и панихида во чест на сите упокоени ктитори и во чест на сите Илинденци. Исто така беа благословени и кумските лебови и се изврши традиционалната Горно Полошка – Стенченска венчавка кој оваа година беа венчани младоженците Љубиша и Ивона Ѓерасимовски.